Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО ВО ЖИВО: Откриена причината за хоророт во Лондон: Страшниот пожар го предизвикал неисправен уред

ВИДЕО ВО ЖИВО: Откриена причината за хоророт во Лондон: Страшниот пожар го предизвикал неисправен уред

Во пожарот кој изминатата ноќ го зафати станбениот облакодер во западен Лондон, има настрадани, изјави денес комесарката на пожарникарната бригада во Лондон Дени Котон.

Британски Дејли меил наведува дека пожарот во кој изгореле 25 од 27 катови го предизвикал неисправен фрижидер и однел 6 човечки животи.

Котон рекла дека пожарникарните екипи стигнале на лице место за само шест минути, и дека работат во исклучително тешки околности.

Медиумите пренесуваат дека се верува оти во зградата биле околу 600 луѓе и дека најмалку 50 повредени се префрлени во болница.

Засега не се знае колку луѓе успеале да се спасат од огнената стихија.

Во видеото подолу може да ја следите ситуацијата во живо директно од Лондон.


Слично

Поврзани вести