Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО ВО ЖИВО) НАПАД ВО ШВЕДСКА: Возило влета меѓу луѓе во Стокхолм, има мртви!

(ВИДЕО ВО ЖИВО) НАПАД ВО ШВЕДСКА: Возило влета меѓу луѓе во Стокхолм, има мртви!

Едно возило влетало меѓу луѓе на улиците во централен Стокхолм и при таа прилика загинале најмалку три лица.


Полицијата потврдила дека две лица загинале и дека повеќе се повредени, додека шведските медиуми јавуваат дека најмалку три личности загинале, но засега тоа не е потврдено.


Полицијата соопштила дека случајот е третиран како терористички напад.

Возилото ударило во излог на продавницата Атленс,а потоа се запалило.


„Видов тројца мртви, но можно е да има уште. Овде е целосен хаос-рекол новинарот на „Ш4“ Мартин Свенингсен.

Очевидци велат дека неколку луѓе се на земја. Според првите информации камионот влетал во пешачка зона, а подоцна од полицијата е соопштено дека се работи за камион.

Гледајте во живо во видеото долу што се случува во Стокхолм.


Слично

Поврзани вести