(ВИДЕО ВО ЖИВО) Мртвите во Шри Ланка не може да се избројат, ужасни сцени на сите страни
Најмалку 180 лица загинале а стотици се повреденни во серија од 6 експлозии во Шри Ланка.
Експлозиите се случиле скоро истовремено во три католички цркви и три луксузни хотели од 5 ѕвезди полни со туристи.
Полициски извори наведуваат дека е невозможно да се пребројат загинатите, но дека се евакуираат повредените и дека повеќето се превезени во болница.
-Има многу настрадани, меѓу нив и многу странски туристи-објави на Твитер министерот за економија Харша де Силво.
Тој дополнил дека посетил некои од местата на кои се случил терористичкиот напад и дека видел ужасни сцени и раскомадани тела насекаде.
Црквата Свети Себастијан од градот Негомбо на Шри Ланка, која била единствена од метата на синхронизираниот бомбашки напад, објавила на Фејсбук први фотографии од внатрешноста на црквата по експлозијата.
На снимките од уништената црква се гледаат крвави траги по ѕидовите и подот, тела на повредените и настрадани кои лежат на земја ...
Експлозиите се случиле утринава во 8:45 часот во текот на велигденската миса во црквата Свети Анте во Коломбо, Свети Себастијан во Негомбо и црквата Зион во Батикло.
Во истовреме нападнати се хотелите „Шангри Ла“, „Синемон град“ и „Кингсбури“ хотели со пет ѕвезди.
Фото: ABC News
