(ВИДЕО-ВО ЖИВО) ТОТАЛЕН ХАОС ВО МОЛДАВИЈА: Демонстранти влегоа во парламентот! Во тек е пресметка со полицијата!
Пратениците на молдавскиот парламент денеска го подржаа именувањето на третиот по ред премиер на земјата во помалку од една година, поддржувајќи го кандидатот кој го именувал претседателот на земјата како компромис со цел на разрешување на повеќемесечниот политички ќорсокак.
Додека траело заседанието, пратаниците на Социјалистичката партија правеле гужва, свиркале и блкирале дел од парламентот, така што Филип на крајот едвај го објавил составот на својот кабинет.
Пред парламентот се собрале демонстрантите, кои извикувале „Предвремени избори“, а во еден момент незадоволни граѓани влегле во зградата на парламентот.
Инаку, новиот премиер на Молдавија е Павел Филип, член на главната проевропска коалиција и министер за информациона технологија и телекомуникации во претходната влада, јави Ројтерс.
Филип добил поддршка од 57 пратеници, додека гласањето го одбила проруската опозиција.
