(ВИДЕО ВО ЖИВО-ФОТО) 80 заложници ослободени во Мали
80 заложници се ослободени во првиот час од освојувањето на хотелот „Радисон Блу“ во Бамако, главниот град на Мали, соопштува францускиот весник „Фигаро“, цитирајќи ја државната телевизија во африканската република.
Рано утринава вооружени лица заробија над 170 лица во хотелот со пет ѕвезди.
На пладне американските сили за безбедност почнаа напад, непосредно пред тоа од хотелот беа изведени две жени.
Има тројца убиени, објавија локалните власти. Едниот е државјанин на Франција, а другите двајца - на Мали.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/p7t_GWXmgFk[/embed]Помеѓу гостите на хотелот се сметаше дека е нигерискиот милијардер Алика Данготе, најбогатиот човек во Африка. Неговата финансиската состојбата изнесува 2,6 милијарди долари и во 2014 година тој беше 23-от најбогат човек во светот според списанието „Форбс“. Подоцна, сепак тој ја негираше информацијата на Твитер дека бил во Мали вчера.
Се тврди дека во почетокот терористите ги ослободувале заложниците, кои знаеле да цитираат делови од Куранот.
Еден од ослободените заложници сепак изјави за весникот „Дејли телеграф“ дека чул како киднаперите зборуваат меѓусебно на англиски.
Цел на напаѓачите бил екипажот на француската авиокомпанија „Ер Франс“, објавува електронското издание „Жион Африка“.
Помеѓу заробените се 7 Кинези и тројца Белгијци. Веројатно има и Американци.
Тројца пилоти од Турската авиокомпанија успеале да избегаат, соопштија владини извори во Анкара.
Нападот се случува додека малискиот претседател Ибрахим Бубакар Кеита е на регионален самит во Чад.
Тројца тешко вооружени напаѓачи влегле во хотелот рано утринава. Тие поминале низ бариерата непречено, бидејќи биле во автомобил со дипломатски таблички. Во хотелот терористите отвориле оган.
Според локалниот бизнисмен Гарбо Конан сепак напаѓачите се 10 луѓе. Тие ги застрелале чуварите пред хотелот и влегле внатре со зборовите „Слава на Аллах!“, Изјави Конан по телефон за телевизија „Ал Џезира“.
Мали е едно од гнездата на исламскиот екстремизам во Африка. Во пролетта 2012 година северниот дел на оваа африканска земја беше преземен од групи поврзани со „Ал Каеда“.
Оваа поранешна француска колонија е дел на терористите, кои ја нападнаа во јануари редакцијата на списанието „Шарли Ебдо“ во Париз и продавница за еврејска храна.
Истовремено Мали е посетен од голем број туристи поради своите знаменитости.







