Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Во светот постои град каде сите жители живеат во една зграда

(ВИДЕО) Во светот постои град каде сите жители живеат во една зграда

Во светот постои град каде сите жители живеат во една зграда. Витиер е мал град на Алјаска, лоциран на стотина километри јужно од Енкориџ и најчесто се нарекува „град под еден покрив“.

Сите 217 жители живеат во една зграда. До овој град може да се стигне само со брод или подземниот тунел.

Зградата во која живеат сите жители се вика Begich Towers и била поранешна касарна изградена во 1974 година за време на Студената војна. Има 14 ката и сите луѓе што живеат во неа со месеци не мора да излегуваат надвор, затоа што во неа има сѐ што им треба. На приземјето се сместени поштата, градската администрација, продавница каде што можат да купат сѐ што им треба, а на третиот кат имаат дури и болница.

Витиер е град кој во лето е полн со туристи, додека во зима е скоро целосно затворен. 


Слично

Поврзани вести