(ВИДЕО) Во судир на камион и автобус во Перу загинаа 34 лица!
Бројката на загинати во автобуска несреќа, на еден камион и две други возила што се случи рано утринава во северниот дел на Перу е зголемен на 34, а се повредени најмалку 70 лица, изјавил министерот за здравство Анибал Веласкез.
- Автобус на превозникот „Мурга“ преминал во спротивна насока во близина на крајбрежниот град Нурмеја, на околу 300 километри северно од главниот град Лима - рекол тој.
- Автобусот тогаш се судрил со камион и два автобуси - изјави претставник на полицијата Орфилејс Браво.
Според досегашните податоци, од автобус, кој се преполовил после силната несреќата, извлечени се 34 загинати, додека точната причина за несреќата не е утврдена.
Погледнете го видеото:
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=abCVuzfloDs[/embed]
Слично
