(ВИДЕО) Во Шведска беснее најголемиот пожар во модерната историја
Голем шумски пожар веќе седум дена беснее низ шведската покраина Вастмланд, во кој едно лице го загуби животот. Со меѓународната помош, иако пожарот уште не е ставен под контрола, сепак може да се каже дека во моментот нема закана за блиските населени места, како што беше случај во изминатите неколку дена.
Во смирување на огнената стихија во голема мера ќе помогнат француски авиони посебно наменети за гаснење шумски пожари, кои денеска ќе се вклучат во операциите, а во текот на денот се очекуваат и два авиони од Италија.
Овој пожар се смета за најголем во модерната историја на Шведска. Во изминатата недела евакуирани беа дел од жителите на градовите Норберг и Гамелби. Дел од нив уште не можат да се вратат во нивните домови.
http://www.youtube.com/watch?v=peuL6YvQp3s
Слично
