(ВИДЕО) Во оваа земја во јуни падна мраз
Големо невреме деновиве го зафати планинскиот синџир Троодос на Кипар. Снимката објавена на фејсбук-страницата Севиер ведер Јуроп изгледа неверојатно за овој период од годината.
Град со големина на ореви за само неколку минути ги покри патиштата со слој мраз во висина од седум сантиметри. Температурата на воздухот од 20 Целзиусови степени за само неколку минути падна на само 5 степени.
Големото невреме ја уништи жетвата, соопштија вчера од планинските села и побараа државна помош поради тоа, пишуваат локалните медиуми. Земјоделците соопштија дека невремето предизвикало пустош врз нивните земјишта и дека овоштарниците се уништени неколку дена пред бербата.
Слично
