Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ВО ОВА КАФУЛЕ ВО БРИСЕЛ Е ЗАСТРЕЛАН ТЕРОРИСТОТ АБДЕСАЛЕМ: Синоќа брутално уби двајца навивачи од Шведска

(ВИДЕО) ВО ОВА КАФУЛЕ ВО БРИСЕЛ Е ЗАСТРЕЛАН ТЕРОРИСТОТ АБДЕСАЛЕМ: Синоќа брутално уби двајца навивачи од Шведска

На социјалните мрежи се појави првата снимка од утринската акција на белгиската полиција во бриселската населба Шарбек, во која беше неутрализирано лицето осомничено за синоќешниот терористички напад во главниот град.

-Тој е застрелан директно во гради, пишуваат белгиските медиуми.

Анелизе Верлинден, белгиската министерка за внатрешни работи, објави дека напаѓачот бил „неутрализиран“во Шарбек, без веднаш да го идентификуваат застреланото лице.

РТБФ пренесува дека белгиските власти сега потврдиле дека „неутрализираното лице“ е Абдесалем Л.(45), кој е осомничен за нападот.

– Тој човек моментално е на интензивна нега – изјави Руди Верворт, премиер на бриселскиот регион.

Белгискиот сојузен обвинител претходно изјави дека имаат „цврста претпоставка“ дека утринава застреланиот од полицијата е Абдесалем Л.(45), по потекло од Тунис, кој е осомничен за нападот.

Верлинден претходно објави дека осомничениот за терористичкиот напад кој беше застрелан се наоѓа во болница на реанимација.

Полицијата на местото на претресот во Шарбек пронашла неколку парчиња оружје, а некои наводно биле пронајдени во блискиот парк.

РТБФ потсетува дека Абдесалем Л.(45), кој по потекло е од Тунис, е осомничен дека синоќа околу 19:15 часот во Брисел испукал истрели од огнено оружје, при што убил двајца Швеѓани и ранил трето лице, исто така од Шведска, а не такси возачот како што беше претходно соопштено.

Како резултат на тоа, Националниот кризен центар го подигна нивото на тревога на максималното ниво 4 во главниот град на Белгија.

Нападот се случил на маргините на фудбалскиот натпревар меѓу Белгија и Шведска во Брисел во рамките на квалификациите за ЕП 2024 година.



ФОТО: Twitter

Слично

Поврзани вести