(ВИДЕО) ВО ОГРАДАТА НА РУСКАТА АМБАСАДА ВО БУКУРЕШТ УДРИ АВТОМОБИЛ - возачот изгорел во страотен оган
Возило утрово удрило во оградата на руската амбасада во романскиот главен град Букурешт.
Во извештајот на државното радио на Романија се наведува дека инцидентот се случил утринава околу 06.30 часот. Автомобилот се запалил откако удрил во оградата на руското дипломатско претставништво, а возачот починал на лице место.
Снимките кои кружат на социјалните мрежи покажуваат автомобил во пламен на самиот влез во дворот на амбасадата.
На улицата каде што се наоѓа руската амбасада сообраќајот се одвива отежнато додека припадниците на полицијата ги утврдуваат околностите на инцидентот.
Слично
