Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ВО ОБЕДИНЕТИТЕ АРАПСКИ ЕМИРАТИ ЗАГИНАА НАЈМАЛКУ 18 ЛУЃЕ: Под вода и аеродромот во Дубаи

(ВИДЕО) ВО ОБЕДИНЕТИТЕ АРАПСКИ ЕМИРАТИ ЗАГИНАА НАЈМАЛКУ 18 ЛУЃЕ: Под вода и аеродромот во Дубаи

И во Дубаи денеска имаше невреме. Поплави денеска ги зафатија Обединетите Арапски Емирати, при што загинаа најмалку 18 луѓе. 

На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа дека од поројниот дожд поплавена е аеродромската писта во Дубаи, а авионите едвај се движат по неа.

Одложени или откажани се многу летови, а властите испратија цистерни на улиците и автопатите за да ја испумпуваат водата.

„Операциите на меѓународниот аеродром во Дубаи во вторникот беа прекинати на 25 минути поради силно невреме“, се наведува во соопштението на аеродромот, пренесе Ројтерс.

Невреме имаше и во балканските земји, Словенија, Хрватска и Србија. 

фото принтскрин Јутјуб


Слично

Поврзани вести