Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО:Во нападите во Брисел 28 загинаа, а 90 се повредени

ВИДЕО:Во нападите во Брисел 28 загинаа, а 90 се повредени

Во нападите во Брисел што се случија утрово, 28 луѓе загинаа и 90 се повредени на аеродромот Завантем и во метрото.

Белгиските медиуми пренесуваат дека на аеродромот Завентем, загинале 13 луѓе и 35 се ранети, а во метрото  Малбек загинале 15 луѓе и повредени се 55. Дел од повредените се во критична состојба.

Федералниот обвинител Фредерик ван Лео изјави дека еден бомбаш самоубиец активирал експлозив на аеродромот во одделот за патници кои поаѓаат кон одредени дестинации. Се претпоставува дека втората експлозија на аеродромот е од автомобил бомба. Белгискиот премиер, Шарл Мишел побара повеќе од кога и да е солидарност и смиреност.

Белгиските власти одлучија да испратат дополнителни 225 војници во Брисел, а  засилено е и обезбедувањето на нуклеарните централи во земјата.

https://youtu.be/gttq5IT-5QE [embed width="750" height="500" ]http://https://youtu.be/gttq5IT-5QE[/embed]
Слично

Поврзани вести