(ВИДЕО) Во Колумбија се урна воен авион со повеќе од 100 војници
Во Колумбија се урна воен авион со повеќе од 100 војници.
Во јужниот дел на земјата се случи тешка авионска несреќа откако воен транспортен авион од типот „Херкулес Ц-130“ се урна кратко по полетувањето, со повеќе од 100 војници на бордот. Според првичните информации, леталото полетало од градот Пуерто Легуизамо, во амазонскиот регион близу границата со Перу.
Според локални медиуми и извори од одбранбените структури, во авионот имало околу 110 војници, иако официјалната бројка сè уште не е конечно потврдена. Несреќата се случила веднаш по полетувањето, на само неколку километри од урбана зона, а на местото на падот биле забележани густ чад и пламен.
Колумбискиот министер за одбрана Педро Санчез ја потврди трагедијата и информираше дека спасувачки екипи веднаш биле испратени на терен. Засега не е познат точниот број на жртви, ниту причината за несреќата, која е предмет на истрага. Властите апелираа на претпазливост и воздржаност од шпекулации додека не се утврдат сите факти.
Дел од медиумите јавуваат дека има и преживеани, кои биле евакуирани од местото на несреќата, но состојбата на многумина од нив е сериозна.
Претседателот Густаво Петро изрази сочувство до семејствата на настраданите и најави дека ќе се забрза модернизацијата на воената авијација, која со години се соочува со предизвици.фото принтскрин
#AEstaHora | Un avión tipo Hércules de la Fuerza Aérea se precipitó a tierra en zona rural de Puerto Leguízamo, en el departamento del Putumayo, en un hecho que es materia de investigación.
— Canal TRO (@CanalTRO) March 23, 2026
De acuerdo con los primeros reportes, los ocupantes de la aeronave, todos integrantes… pic.twitter.com/30y6sdH6Lh
