Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Кина водата однесе противпожарно возило за време на спасувачка мисија

Во Кина водата однесе противпожарно возило за време на спасувачка мисија

Поплави има и во Кина. 

Најмалку двајца луѓе загинаа, едно се води за исчезнато, а повеќе од 36.000 луѓе се евакуирани поради поплавите што ги донесе тропската бура „Хаикуи“ во кинеската југоисточна крајбрежна провинција Фуџијан. Летовите се прекинати, метрото исто, а училиштата не работат.

Двајца пожарникари загинаа, а еден полицаец се води за исчезнат откако водата однесе противпожарно возило за време на спасувачка мисија, јавија кинеските државни медиуми, пренесе „АП“.

Метеоролозите соопштија дека врнежите ги собориле рекордите во последните 12 години во главниот град на провинцијата Фужоу со 554 милиметри на квадратен метар во вторникот и дека 49 акумулации ги надминале границите за заштита од поплави, објави „Ројтерс“.

Оштетена е електричната мрежа и комуникациската инфраструктура, а поплавени се повеќе од 4.100 хектари земјоделско земјиште, предизвикувајќи штета од 75 милиони долари. Врнежи се очекуваат до петок во централните и јужните делови на провинцијата Фуџијан.

Невреме има на Балканот, и тоа во Грција, Бугарија и Турција. 


Слично

Поврзани вести