(ВИДЕО) Во Италија мртви и заробени во канџите на снежна лавина
Триeсет луѓе се исчезнати во снежна лавина која затрупа планински хотел во централна Италија.
Се стравува дека се мртви.
Ова следи по серијата земјотреси, соопштија властите. Лавината покри хотел на три ката во Абруцо, регионот зафатен од земјотреси.
Спасувачките служби велат дека работат да донесат механизација до хотелот „Ригопјано“ во градот Фариндола по патиштата покриени со снег, за да им помогнат на алпинистичките спасувачки тимови, кои први пристигнаа уште ноќеска.
Италијанската агенција „Анса“ го цитираше шефот на планинскиот спасувачки тим, кој кажа „има многу мртви“.
„Околу 30 луѓе се исчезнати, меѓу нив и гости и вработени во хотелот ‘Ригопјано’ во Фариндола. Ги спуштаме нашите спасувачки тимови со хеликоптери и тие почнуваат со откопувањето“-изјави Фабрицио Курчо, шефот на одделот за цивилна заштита.
Хотелот е на 1.200 метри височина и тешко е да се стигне дотаму.
Околу 50 км пред хотелот се завеани.
