(ВИДЕО) Во Иран „врие“, а Трамп се закани дека САД ќе интервенира ако власта убива демонстранти
Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска им се закани на иранските власти да не применуваат смртоносна сила врз мирните демонстранти, нагласувајќи дека Вашингтон е подготвен да интервенира.
На оваа порака реагираше Али Лариџани, висок советник на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, кој го предупреди Трамп да биде внимателен, затоа што секое американско мешање би значело дестабилизација на целиот регион и уништување на американските интереси.
Протестите во Иран што почнаа минатата недела поради високите цени, падот на вредноста на домашната валута, недостигот на вода, правата на жените, ескалираа и се проширија во повеќе градови. Демонстрантите сега бараат крај на владеењето на Хамнеи, а во судирите со безбедносните сили во четвртокот, според извештаите, загинале најмалку шест луѓе. Ова се најмасовните протести во земјата по востанието во 2022 година, кое беше предизвикано од смртта на младата Махса Амини во полициски притвор.
foto printskrin
