(ВИДЕО) Во Индија дете падна во бунар длабок 120 метри
Во Индија, 8-годишно дете кое падна во бунар длабок 120 метри, го извлекуваат 16 часа.
Во индиската држава Мадја Предеш, детето по име Тамнај Саху е заробено некаде на длабочина од 16 метри во бунарот, кој е длабок вкупно 120 метри. Тамнај претходно си играл во полето кога во вторникот навечер паднал во дупката, пренесува „Daily Mail“.
„Спасувачите му симнуваат кислород на детето, но постои опасност дека би можело да останато без свест затоа што „не одговара на повиците“, вели Шјамендра Џајасвала од округот Бетул.
Таткото на детето, Сунил Саху, за индиските медиуми рекол дека детето паднало во бунарот во околу 17 часот на 6-ти декември додека си играло. Вообичаено е фармерите во Индија да поставуваат бушотини – длабоки бунари закопани во земја за наводнување – поради недостиг на вода. Ако не ги користат, остануваат отворени и така се опасни. Ова не е прв ваков случај. Во мај едно 6-годишно дете починало по 7-часовна акција за спасување, додека минатиот декември едно девојче е спасено од бунар во Мадја Прадеш.
Видеото погледнете го ТУКА
