Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Во Германија измерени -26.7 степени

(ВИДЕО) Во Германија измерени -26.7 степени

Поларен бран ја зафати Германија. 

Градот Милхаузен е рекордер со најниска температура од -26,7  степени. Вчера, ниските температури и снегот предизвикаа големи сообраќајни проблеми низ Германија. И денеска имало проблеми со железничкиот сообраќај. Во Шлезвиг-Холштајн, дел од автопатот А7 во областа Рендсбург-Екернферде бил привремено целосно затворен во правец кон Хамбург, откако се запалило возилото за чистење снег.  Сообраќајот бил отежнат и на аеродромите, а некои, како оној во Дортмунд, целосно го прекинале сообраќајот. Во Британија исто така има снежно невреме. 

Германија и Велика Британија се под снежна блокада. Снег има и во Белгија и Данска. 


Слично

Поврзани вести