(ВИДЕО) Во Доњецк гори руско складиште за гориво откако го погодија украинските сили
Голем пожар изби во складиште за нафта во сепаратистичкиот Доњецк во Украина.
Едно лице загина, а две се повредени, се вели во објавата на Телеграма од самопрогласената Народна Република Доњецк.
Украинските сили погодиле магацин, објави Доњецката новинска агенција. Објектот е во Макијивка и тука руската армија се снабдувала со гориво. Локалните власти соопштија дека на лице место имало 90 пожарникари кои се обидуваат да го изгаснат пожарот. Сепаратистите кои имаат поддршка од Русија ја контролираат областа.
фото Принтскрин
Слично
