Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Во Долината на смртта имаше невреме кое се случува еднаш во 1.000 години

(ВИДЕО) Во Долината на смртта имаше невреме кое се случува еднаш во 1.000 години

Невреме го опустоши најжешкото место на светот. 

Во Долината на смртта деновиве имаше силно невреме, кое го поплави тој национален парк. Се уште трагаат по заробените, а штетата е голема. Има оштетени патишта и автомобили.  

За само три часа, 75 отсто од просечните годишни врнежи паднале во Долината на смртта, велат експертите од Опсерваторијата на Земјата на НАСА. Стотина посетители и вработени во паркот останале заробени, затоа што сите патишта биле непроодни.

Водата се повлекла, но зад себе оставила наслаги од кал и чакал, а спасувачките служби почнале да извлекуваат луѓе, пренесува Гардијан.

Нема информации за повредени, но властите во Калифорнија вршат воздушно истражување на паркот, се вели во соопштението на Службата за национални паркови, за да потврдат дека возилата сè уште не се заглавени во оддалечените области на паркот, пренесува Дневник.хр.

Долината на смртта е најсувото место во Северна Америка и е позната по температурите кои знаат да се зголемат повеќе од кое било друго место на Земјата.

Началникот на паркот, Мајк Рејнолдс, рече дека ќе биде потребно време за обнова. Властите сè уште ја проценуваат штетата, која опфатила 3,4 милиони хектари и повеќе од 1.000 километри пат во паркот.

Метеоролозите и претставниците на паркот ова го опишуваат како настан што се случува еднаш во илјада година.


Слично

Поврзани вести