Во Чернихов дете активирало граната при што повреди 15 луѓе
Во Чернихов при експлозија на фрлач на гранати се повредени 15 луѓе, меѓу кои и осум деца. Четворица од повредените се задржани во болница, а украинскиот претседател Володимир Зеленски по инцидентот објави дека две лица се приведени.
Но, на Твитер се шири веста дека 10-годишно момче грабнало наполнета граната РПГ-18 и го повлекло чкрапалото и дека како резултат на тоа, две деца загинале, а уште најмалку 6 лица се повредени. Гранатата била дел од изложба на оружје кое таму го поставиле украинските волонтери за да соберат донации за украинската армија.
Вјачеслав Чауш, шеф на регионалната управа на Чернихов, рече дека администрацијата не била информирана за военото присуство на јавниот настан. Се сомнева дека токму тоа е причината за немилиот настан.
фото: твитер/принтскрин