Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ВО ЦЕНТАРОТ НА ПАРИЗ ИЗРЕШЕТАНИ ЛУЃЕ: Двајца се мртви на лице место, уште четворица се повредени

(ВИДЕО) ВО ЦЕНТАРОТ НА ПАРИЗ ИЗРЕШЕТАНИ ЛУЃЕ: Двајца се мртви на лице место, уште четворица се повредени

Во центарот на Париз денеска се случил напад со огнено оружје при што вооружениот напаѓач убил две лица, а неколкумина се повредени. Според последните информации, од четворицата ранети двајца се во тешка состојба.

Престрелката се случила во близина на курдскиот културен центар недалеку од станицата „Гаре де л'Ест“. Полицијата брзо го привела осомничениот, 69-годишен маж. Властите ги повикаа граѓаните да ја избегнуваат областа Rue d'Enghien во 10-тиот арондисман Стразбур-Сен Дени.

„Настана голема паника, се заклучивме“, изјави еден продавач за новинската агенција АФП. Сведокот рече дека слушнал седум или осум истрели.


Слично

Поврзани вести