Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Во Буча се најдени уште тела, некои од нив биле запалени

(ВИДЕО) Во Буча се најдени уште тела, некои од нив биле запалени

Уште тела се најдени во Буча во Украина. 

Од нив шест тела биле запалени, а повеќе биле пронајдено во и околу домовите. 

Украинската правобранителка Људмила Денисова изјави дека руските војници во Буча силувале 25 жени и девојки. Денисова вели дека има докази за геноцид врз украинскиот народ и воени злосторства, и ќе побараат правда пред суд.

Скоро 5.000 истраги за наводни воени злосторства извршени од руските сили, води украинското обвинителство. Од нив, 1.200 се во околината на украинскиот главен град Киев, вклучително и за злосторствата во Буча. 

Кина денеска ја опиша снимката како „крајно вознемирувачка“ по откривањето на телата во Буча, Украина, но не сакаше да ја обвини Русија, пишуваат медиумите во светот.

Њујорк тајмс објави вознемирувачко видео од убиствата во Буча.

фото Принтскрин


Слично

Поврзани вести