ВИДЕО: Во Австрија се сруши врв на планина, експертите се загрижени
Дел од планински врв се урна во австриската провинција Тирол, со што повеќе од 100.000 кубни метри карпи паднаа во долината и предизвикаа лизгање на земјиштето.
Карпите почнаа да паѓаат во неделата од Флухторн, планина висока 3.400 метри (11.155 стапки) на Алпите на швајцарско-австриската граница, а геолозите велат дека колапсот бил предизвикан од топењето на вечниот мраз (постојано замрзнато тло).
Во одронот за среќа нема повредени.
„Ова е релативно голем инцидент. Станува збор за најмалку 100.000 кубни метри карпа што се срушила, а веројатно и повеќе од тоа“, рече Томас Фигл, државен геолог, во видеото објавено од владата на тиролската покраина.
Ex-Permafrost.
— Gebi Mair (@gebimair) June 12, 2023
Südliches Fluchthorn, Galtür. Nur ein paar Grad mehr, oder? pic.twitter.com/k63rHXo2ha
Геолозите го припишуваат колапсот на топењето на вечниот мраз. Областа на долгорочно замрзнато тло најчесто се поврзува со арктичките региони, но исто така се среќава и на европските Алпи.
„Можеме да бидеме релативно сигурни за причината за овој инцидент: вечниот мраз. Мразот е лепак на планините, а со текот на времето се топи поради климатските промени. Тоа потоа ги предизвикува последиците што ги гледаме овде“, рече Фигл.
Топењето на вечниот мраз може да има многу негативни последици, изјави за Си-Ен-Ен Марсија Филипс, шеф на истражувачка група за вечен мраз во Швајцарија. Водата може да навлезе длабоко во карпите и да предизвика пукање, објасни таа.
D'énormes masses rocheuses sont tombées dans la vallée du Fluchthorn en quelques minutes. pic.twitter.com/4C40NHwuuJ
Климатските промени предизвикани од човекот ги зголемуваат глобалните температури, што доведува до топење на вечниот мраз и топење на снегот и глечерите, па експертите претпоставуваат дека свлечиштата во овој регион ќе зачестат.
Фото: Принтскрин/Твитер