Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Во Австралија цели градови под вода

(ВИДЕО) Во Австралија цели градови под вода

Десетици илјади лица се евакуирани од две австралиски држави, откако властите предупредија денеска дека се можни смртни случаи како последица од поплави предизвикани од моќниот циклон Деби, пренесе Франс прес. 


Невреме од четврти степен ја зафати  североисточна Австралија во вторникот во државата Квинсленд, каде имаше искорнати дрвја, искршени чамци и причинети огромни штети.

Моќта на Деби ослабна и таа беше намалена до тропска бура со приближувањето на југоисток, но со себе носи опасни ветрови и огромни количини дожд по источниот брег на Нов Јужен Велс.

Град Лисмор беше тешко погоден од поплавите, а водата достигнува до 3 метри.

Марк Мороу заменик-комесар во службата за итна безбедност изјави: 

„Почнавме да излегуваме и да се обидуваме да најдеме луѓе кои ни се јавуваа во текот на ноќта, може да имаме некои алармантни вести. Можно е да има луѓе кои загинале во поплавите ноќеска и за кои не знаеме ".

Фармерот Пиер Ханиган, чиј имот се наоѓа северно од Лисмор изјави дека поплавите се нешто најтешкото што видел за повеќе од 50 години во областа. 

„Мислам дека многу луѓе ќе претрпат сериозни оштетувања на нивните фарми"- рече тој.

Армијата е мобилизирана со 1300 војници кои ќе помогнат во проценката на штетата и за расчистување.


Слично

Поврзани вести