Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО: Во Америка се запалил авион со 21 патник-сите преживеале а еве како се спасиле

ВИДЕО: Во Америка се запалил авион со 21 патник-сите преживеале а еве како се спасиле

Авион со 21 патник и член на екипажот се запалил вчера при полетување во близина на аеродромот во Брукшир, при што беше повредено само едно лице.

Аеродромот Брукшир се наоѓа недалеку од Хјустон, Тексас. „Мекдонел Даглас МД-87“ вчера утрото прелетал низ оградата додека се обидувал да полета од аеродромот и се запалил на поле.

Во авионот имало и 10-годишно дете



Во моментот на несреќата имало 21 лице - 18 патници и тројца членови на екипажот. Сите го преживеале инцидентот, а двајца биле пренесени во болница. Најмладиот човек во авионот имал 10 години, изјавија официјалните лица, како што објави АБЦ 13.

Несреќата се случила нешто по 10 часот наутро по локално време. Авионот, двомоторен Мекдонел Даглас на летот за Бостон, се запалил и изгорел речиси целосно, покажуваат импресивни снимки објавени од спасувачката служба.

Патниците успеале да се извлечат од авионот, изјави Тим Гибсон, директор на тамошната служба за итни случаи.

„Тие беа во шок, во голем шок“, додаде тој, истакнувајќи дека несреќата „завршила на најдобар можен начин“.

фото: Screenshot: YouTube/ LiveNOW from FOX

Слично

Поврзани вести