Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ВНИМАВАЈТЕ: Новиот Ајфон се витка в џеб!

(ВИДЕО) ВНИМАВАЈТЕ: Новиот Ајфон се витка в џеб!
Во многу рецензии на новинарите кои ги следат новите технологии, двата нови модели на паметни телефони од Епл - Ајфон 6 и Ајфон 6 Плус се оценети како најдобри паметни телефони на светот. Само во првиот викенд од продажбата биле продадени дури 10 милиони примероци од овие уреди. Но, по почетното воодушевување со нивните перформанси, Епл и нивните корисници имаат причина за загриженост - се повеќе купувачи на Епл 6 Плус објавуваат фотографии на социјалните мрежи, на кои се гледа дека нивните телефони се свиткани. Тие телефоните ги носеле во предниот џеб од панталоните и се шокирале кога забележале дека телефонот се витка. Ова предизвика многу критики и шеги на сметка на Епл, а беше објавено и видео на кое се гледа колку е едноставно да се свитка куќиштето на овој најнов модел на телефон. http://www.youtube.com/watch?v=znK652H6yQM Со оглед на тоа што многу луѓе ги носат телефоните токму во предниот џеб од панталоните, се очекува уште многу корисници да го имаат истиот проблем наскоро, што би можело да биде катастрофа за компанијата. Ќе биде интересно да се види како ќе реагираат и од Епл. Кога пред неколку години беше претставен новиот Ајфон 4, кај кој потрошувачите открија проблеми со сигналот, тогашниот прв човек на компанијата Стив Џобс им порача телефонот да го држат поинаку или да си купат маска за него.  
Слично

Поврзани вести