Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ВИСТИНСКА АТРАКЦИЈА: Ова е најдолгиот висечки мост во светот

(ВИДЕО) ВИСТИНСКА АТРАКЦИЈА: Ова е најдолгиот висечки мост во светот

Мостот „Скајбриџ 721“ на североистокот од Чешка им овозможува на планинарите кратенка низ облаците со феноменален поглед на врвовите на планината Кралички Снежник. Ова е најдолгиот висечки мост во светот. 

Мостот се наоѓа на 721 метар меѓу два планински сртови, а се наоѓа во близина на одморалиштето Долни Морава и ја премостува долината на Млиничката долина на височина од 95 метри.

„Скајбриџ 721“ е изграден во близина на видиковецот Скајволк, платформа висока 55 метри од која можете да се лизнете по тобоган од 100 метри.

Изградбата на овој мост чинеше околу 26,5 милиони евра и траеше две години. 

Во светот има најмалку 10 мостови кои се специфични по својата локација и други карактеристики.  Такви има во Малезија, Франција, Англија, Иран, Кина и други држави. 


Слично

Поврзани вести