Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ВИРУСОТ „КОСИ“ ВО ИНДИЈА: Градскиот парк во Њу Делхи е претворен во крематориум

(ВИДЕО) ВИРУСОТ „КОСИ“ ВО ИНДИЈА: Градскиот парк во  Њу Делхи е претворен во крематориум

Во Индија има голем број починати од коронавирусот. Градскиот парк во главниот град Њу Делхи е претворен во голем крематориум.

Работниците прават импровизирани локации за кремирање. Минатата недела Индија го урна светскиот рекорд на заразени со коронавирусот.  Владата ангажираше воени авиони и возови за доставување кислород од други краеви на земјата до Њу Делхи.

Крематориумите во градот претходно соопштиле дека се преполни и ги замолиле семејствата да почекаат. Индија, која има 1,3 милијарди жители досега регистрираше 16,6 милиони случаи на коронавирусот, а 189.544 луѓе починаа. 

Жариштето на коронавирусот во Индија може да доведе до глобална криза со вакцини. 

foto EPA-EFE


Слично

Поврзани вести