(ВИДЕО) Вилата на Ал Капоне не може да си најде сопственик
Сегашниот газда на имотот, њујоршкиот бизнисмен Антони Панебианко го купи пред шест месеци за 7,4 милиони долари, а веќе бара нов купувач.
Вилата е изградена во 1922 година и се наоѓа на островот Палм Ајленд, а Ал Капоне ја купил во 1928 година за 40.000 долари.
Куќата се простира на земјиште од 930 метри квадратни и во неа има седум соби и седум спални. Таа е во бела боја со златни орнаменти. На имотот има и огромен базен, куќа за гости, шеталиште, а околу вилата се издигнува голем бетонски ѕид, на кој се наоѓа стражарска куќарка, во која некогаш имало вооружено обезбедување.
Ал Капоне починал на на овој имот во 1947 година, на 48-годишна возраст. Тој таму се вратил по одлежувањето на четири и пол годишната затворска казна во затворот Алкатраз.
Вилата е на продажба подолг период, а пред една година потомците на Ал Капоне за неа бараа 10 милиони долари. http://www.youtube.com/watch?v=JkT6j2e8FwU