Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Видете ја реакцијата на Зеленски кога среде интервју дозна дека Германија ќе испрати тенкови

(ВИДЕО) Видете ја реакцијата на Зеленски кога среде интервју дозна дека Германија ќе испрати тенкови

Украина добива тенкови од Германија, но и од САД. Украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на интервју дозна за веста, по што не можеше да ги скрие емоциите. Тој се заблагодари на одлуката на Германија да испрати тенкови Леопард 2 во Украина. Зеленски на социјалните мрежи напиша дека е „искрено благодарен“ на германскиот канцелар Олаф Шолц.

„Германски борбени тенкови, проширување на одбранбената поддршка и мисија за обука, зелено светло за партнерите да испратат слично оружје. Само што слушнав за овие важни одлуки во телефонски разговор со германскиот канцелар Шолц. Искрено сум му благодарен, како и сите наши пријатели во Германија“, објави Зеленски, пренесува Индекс.


Тенковите „абрамс“, како што вели американскиот претседател Џо Бајден, се најспособните тенкови во светот, но и исклучително сложени за ракување и одржување.

Бајден рече дека помошта е наменета да ѝ се помогне на Украина и да ја одбрани својата земја, а не е закана за Русија. Според него, рускиот претседател Владимир Путин очекувал поддршката на САД за Украина да опаѓа, но погреши.

Путин денеска изјави дека американските трупи во Германија уште се окупаторски сили и во правна смисла и во пракса.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова вели дека одлуката Германија да испрати тенкови во Украина покажува дека Западот се спремал за војна. 

Слично

Поврзани вести