(ВИДЕО) Видео кое покажува како песочната бура го обвивна целиот град
Видео во убрзано движење од безбедносна камера на аеродромот во Феникс, Аризона (САД), ја покажува песочната бура, која ја опфаќа околината.
Заедно со големите количини на прашина, имаше и молњи, поројни дождови и силен ветер.
Песочните бури се честа појава во реонот на Феникс за време на сезоната на монсуните. Тоа е метеоролошки атмосферски феномен кој претставува силен ветер, носејќи со себе ронки и почвени честички (прав), подигнати во воздухот од територии со откриени песоци и почви, незаштитени од растителната покривка.
Слично
