Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Ветрови со брзина од 270 км/час направија пустош во африканска земја

(ВИДЕО) Ветрови со брзина од 270 км/час направија пустош во африканска земја

Ветрови со брзина од 270 км/час го погодија Мадагаскар, а штетата е огромна.

Циклонот Гезани одзеде најмалку 20 животи и предизвика големи штети на Мадагаскар, соопштија денеска локалните власти.


Уште 15 луѓе се исчезнати, а најмалку 33 лица се повредени кога циклонот, кој стигна до копното во вторник вечерта, го погоди островот со ветрови до 270 километри на час, соопшти Националната канцеларија за управување со ризици и цивилна заштита.

Просечната брзина на ветерот утрово се намали на околу 110 километри на час.

И во 2022 година во државата имаше невреме кое однесе човечки жртви. Тогаш имаше силни ветрови со брзина од 250 км/час.

foto printskrin youtube


Слично

Поврзани вести