Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ВЕТЕР КОРНЕШЕ ДРВЈА: Невреме во Германија, има повредени

(ВИДЕО) ВЕТЕР КОРНЕШЕ ДРВЈА: Невреме во Германија, има повредени

Невреме има во Германија, тројца се повредени, а пожарникарите добиле стотици повици за помош. Едно од повредените лица е во тешка состојба. 

Во градот Минхен градскиот железнички сообраќај е целосно парализиран. Невремето започна во ноќта меѓу четвртокот и петокот, а како што пренесува Klix.ba, возовите на S-Bahn во Минхен до дополнително известување биле во прекин на соодветните станици.

Водата ги поплави и улиците во градот Фрајбург во покраината Баден-Виртемберг.

Невремето го зафати и кампот во градот Линдау на брегот на езерото Констанца, каде ветровите откорнаа неколку дрвја. Околу 900 луѓе нашле привремено засолниште во конгресниот центар во градот Линдау.

Ова лето во неколку европски земји имаше невреме. Најтешко погодена беше Словенија. 


Слично

Поврзани вести