Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Ветер го поткрена палтото на полски министер при што се виде дека носи пиштол

(ВИДЕО) Ветер го поткрена палтото на полски министер при што се виде дека носи пиштол

Налет на ветер го откри пиштолот со кој се шета полскиот министер.

На вчерашната церемонија на положување венец на споменикот на жртвите од рударските несреќи во централна Полска, новинарите го забележаа министерот за правда Збигњев Зиобро дека носи пиштол. Силниот ветер покажа дека Зиобро имал пиштол под палтото. 

Критичарите на социјалните мрежи тврдат дека министерот не е сигурен во заштитата што ја добива како јавна личност. Но, има и луѓе кои го поддржуваат и велат дека Зиобро, кој е и главен обвинител, добивал смртни закани. Зиобро изјави дека дозволата за оружје ја добил откако пред неколку години е откриено дека шефот на организираниот криминал повикал на негово убиство, пишува „Асошиетед прес“. Тој рече дека има право на заштита како и секој граѓанин. 

Полска, како и повеќето земји од Европската унија, има строги правила за набавка на оружје и на многу малку луѓе им е дозволено да го поседуваат или носат на јавно место.


Слично

Поврзани вести