Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ВЕРИЖЕН СУДИР СО 50 ВОЗИЛА ВО ЈАПОНИЈА: Настана силна експлозија и изби голем пожар

(ВИДЕО) ВЕРИЖЕН СУДИР СО 50 ВОЗИЛА ВО ЈАПОНИЈА: Настана силна експлозија и изби голем пожар

На автопатот Канецу во Јапонија денеска се случи верижен судир во кој учествуваа околу 50 автомобили и камиони, при што едно лице загина, а 26 се повредени, од кои пет се во тешка состојба.

Видеата од местото на настанот, објавени на социјалните мрежи, покажуваат силна експлозија што следела по судирот, како и голем пожар.

Во овој дел од Јапонија, цел ден врне снег, што значително го отежна сообраќајот и придонесе за ризикот од судири.

Властите го затворија автопатот во двата правци неколку часа за да им дозволат на службите за итни случаи да реагираат и да ги евакуираат повредените.

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести