(ВИДЕО) ВЕНЕЦУЕЛЦИТЕ СЕ БЕСНИ: Ја урнаа статуата на Уго Чавез
Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на поранешниот претседател Уго Чавез.
Граѓаните се бесни откако претседателот Николас Мадуро прогласи победа. Велат дека тој ги украл изборите. Инаку, Чавез беше претседател на Венецуела од 1999 до 2013 година, кога почина од канцер.
Видеото од протестот и уривањето на статуата на Чавез е снимено во државата Фалкон.
На протестите се уапсени 750 луѓе. Тројца луѓе загинаа во судирите што избија за време на протестот. Неколку странски земји, вклучително и САД и ЕУ, одбија да ги признаат изборните резултати.
Слично
