Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Венецуелка се држела за рамката од вратата, ја спасија од урнатините

(ВИДЕО) Венецуелка се држела за рамката од вратата, ја спасија од урнатините

Венецуелката Грасиела Мора успеала да преживее под урнатините на срушена зграда во градот Ла Гваира. Додека спасувачите ја извлекувале, таа била свесна и зборувала за тоа што се случило.

„Кога почна земјотресот, се држев за рамката на вратата најсилно што можев. Толку силно што си го скршив прстот“, раскажала Мора.

Според нејзиното сведоштво, останала да се држи за рамката сè додека катовите над неа почнале да се уриваат.

Најемотивниот момент дошол кога низ правот и бетонските блокови забележала рака.

„И тогаш видов рака и ја зграпчив“, рече Венцуелката.

Според последните податоци, над 50.000 лица сè уште се водат како исчезнати. Потврдена е смртта на најмалку 235 луѓе, а повеќе од 4.300 се повредени. Претходно, земјотреси со јачина од 7.2 и 7.5 степени ја погодија Венецуела. 


Слично

Поврзани вести