Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ВЕЛАТ ДЕКА ОВА ЗА НИВ Е ПРЕРОДБА: Првите стотина Палестинци заминаа од израелските затвори

(ВИДЕО) ВЕЛАТ ДЕКА ОВА ЗА НИВ Е ПРЕРОДБА: Првите стотина Палестинци заминаа од израелските затвори

Првите стотина Палестинци денеска заминаа од израелските затвори според договорот со Израел. 

Тие стигнаа во Рамала, на окупираниот Западен Брег. Некои покажаа знак на победа со рацете, а повеќето со насмевки на лицата излегоа од автобусот што ги донесе од израелски затвор до културниот центар во градот каде што се наоѓа Палестинската самоуправа.

„Тоа е неописливо чувство, преродба“, изјави Махди Рамадан, неодамна ослободен затвореник, опкружен со своите родители.

За многумина, тоа е ослободување по многу години, дури и децении. Дел од затворениците се вратија во Газа. 

Палестинската терористичка група Хамас денеска ослободи израелски заложници.


фото принтскрин


Слично

Поврзани вести