(ВИДЕО) Ве молиме помогнете на Мариупол - Украина однесе победа на Евровизија
Украина синоќа победи на Евровизија.
Победници се „Калуш Оркестра“ од Украина, чија песна „Стефанија“ беше избрана за најпопуларна во конкуренцијата од 40 земји-учеснички. Второто место му припадна на претставникот на Обединетото Кралство, третото на Шпанија, четврта беше Шведска, а Констракта од Србија заврши на петото место.
На големото финале, настапија претставниците на Чешка, Романија, Португалија, Финска, Швајцарија, Франција, Норвешка, Ерменија, Италија, Шпанија, Холандија, Украина, Германија, Литванија, Азербејџан, Белгија, Грција, Исланд, Молдавија, Шведска, Австралија, Обединетото Кралство, Полска, Србија и Естонија.Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека ќе даде се од себе неговата земја да биде домаќин на настанот следната година. Тој вели дека нивната храброст го воодушеви светот, а песната ја освои Европа. Зеленски рече дека по трет пат во историјата, Евровизија ќе се одржи во Украина. Претседателот изрази надеж дека и Мариупол ќе биде слободен.
Веќе 81 ден има војна во Украина. На 24 февруари, Русија ја нападна Украина. Илјадници цивили загинаа досега.
