(ВИДЕО) ВЧЕРА БЕА НА РАБОТ НА ВОЈНА, ДЕНЕС ИДИЛА: Ким во Јужна Кореја-„срцето ми бие како лудо“
Севернокорејскиот лидер Ким Џонх ун и претседателот на Јужна Кореја Мун Џаен ин имале „сериозни и искрени“ разговори за денуклеризацијата на Корејскиот полуостров и траен мир во текот на првата сесија на самитот во пограничното село Панмунџом, соопштија јужнокорејски претставници.
„Двете страни пишуваат заедничко соопштение и двајцата лидери ќе го објават кога ќе биде завршено“, рекол на брифинг претставник на Јужна Кореја Јун Јанг-чан.
На разговорите присуствувала и сестрата на Ким, Ким Јо џонг која прва и ги воспостави топлите односи со Јужна Кореја на Зимската олимпијада во Пјонгчанг.
Ким во црна лимузина и во придружба на телохранители се вратил во Северна Кореја , но подоцна повторно ќе дојде на вечера во Панмунџом која ја организира Мун.
Потсетуваме, пред само неколку месеци односите меѓу двете Кореи беа многу лоши, а сега двете земји би можеле да дискутираат за мировниот договор и нуклеарно вооружување.
