Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Вашингтон: Авион паднал врз куќа, шест мртви!

(ВИДЕО) Вашингтон: Авион паднал врз куќа, шест мртви!

Во падот на приватен авион во приградска населба во Вашингтон вчера загинале три лица во авионот и три станари во куќата на која се урнал авионот, известуваат тамошните власти.

Ембраер EMB-500, комерцијалниот авион на два мотори требало да слета на воздушното пристаниште во округот Монтгомерју, во сојузната држава Мериланд, кога се урнал во стамбена зона, додава Американската сојузна агенција за воздухопловство (ФАА)

Во несреќата загинале три лица во авионот и три во куќата на која паднал авинот, објавил на Твитер портпаролот на пожарната служба на тој округ Пит Прингер.

Станарите на другата куќа која е оштетена во несреќата поминале без повреди, додал локалниот весник Газета.

Остатоците на авионот оштетиле повеќе куќи во близина на местото на несреќата.

Авионот е регистриран во Чапил Хил, во Северна Каролина, пишува специјализираната интернет страна „FlightAware“.

Слично

Поврзани вести