(ВИДЕО) ВАКВО НЕШТО НЕ СЕ СЛУЧИЛО ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН ВЕК: Има 40 сантиметри снег во делови од Шведска
Падна снег во Шведска. На северот на државата има 40 центиметри снег, што во овој период од годината не се случило повеќе од еден век.
Во Кируна во Лапонија се измерени до 40 центиметри снег, што е најголема количина за ова време од годината во последните 118 години. Локалниот сообраќај е привремено прекинат, како и училишните автобуси во центарот на Кируна и Јукасјарви. Шведскиот септемвриски рекорд за висина на снег е 62 центиметри во Сосјо во Јамтланд, а толку снег наврнало на 28-ми септември во 1954-та година.
Во соседна Бугарија, планинскиот врв Мусала месецов осамна со снежна покривка.Meanwhile, Kiruna in Sweden had 40cm of snow yesterday pic.twitter.com/a8nq8W8BbE
— Volcaholic (@volcaholic1) September 21, 2023
Слично
