Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ВАКВИ ПОПЛАВИ НЕМАЛО СО ДЕЦЕНИИ: На удар е европска земја

(ВИДЕО) ВАКВИ ПОПЛАВИ НЕМАЛО СО ДЕЦЕНИИ: На удар е европска земја

Поплавени домови има во Норвешка, откако водостојот на реките е највисок за период од 50 години. Норвешка евакуираше илјадници луѓе поради најголемите поплави во последните децении. Засега нема пријавени жртви. 

Во јужниот дел, железничкиот сообраќај е во прекин. Властите во округот Инландет, една од најтешко погодените области во Норвешка, соопштија дека многу луѓе биле отсечени од поплавите и службите за итни случаи можеби нема да можат веднаш да стигнат до сите на кои им е неопходна помош.

„Ние сме во вонредна состојба од национални размери“, истакна во изјавата градоначалникот на Инландет, Ауд Хове.

Владата во средата одлучи да мобилизира повеќе хеликоптери за да учествуваат во евакуацијата. Силен ветер, дожд и лизгање на земјиштето ги зафатија Финска и Шведска во последните денови.

Словенија е разорена од поплавите. Направени се штети на домови и инфраструктура. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска ја изразила својата солидарност и поддршка за Словенија. Државата ќе добие 400 милиони евра помош за санирање на штетите. 


Слично

Поврзани вести