Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

Улиците во Дубаи се поплавени, а полицијата ги повика жителите да останат во своите домови.

Предупредувањето беше издадено неколку часа откако дождот ги поплави улиците, објави АФП. Водата го парализираше сообраќајот и предизвика доцнења на летовите на аеродромите во Дубаи и Абу Даби.

Националниот центар за метеорологија на Обединетите Арапски Емирати предупреди на врнежи од дожд низ целата земја денес и утре, вклучително и во Дубаи и главниот град Абу Даби. Според официјалните податоци, ова е најинтензивниот дожд во ОАЕ во последните 76 години.

Метеоролозите предупредуваат дека ваквите екстремни врнежи од дожд повеќе не се исклучок, туку дел од трендот на сè почести временски екстреми, како оние регистрирани лани, кои дополнително ги поттикнуваат климатските промени.

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести