Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ВАКОВ ПОЖАР НЕМАЛО ОД 1949 ГОДИНА: Oгнот е близу границата со Шпанија

(ВИДЕО) ВАКОВ ПОЖАР НЕМАЛО ОД 1949 ГОДИНА: Oгнот е близу границата со Шпанија

Пожарот што зафати подрачје од 16.000 хектари во јужна Франција изгубил на интензитет, но и натаму не е под контрола, тврдат властите. Во најголемиот пожар во Франција во последните седум децении загина едно лице, а десетици домови се уништени.

Пожарот на околу 100 километри од границата со Шпанија, близу Средоземното Море, се ширеше невообичаено брзо благодарение на силните ветрови и сувата вегетација. Во областа владее суша неколку месеци.

„Огнот сега се шири многу побавно, ноќта беше поладна, но ова останува најголемиот шумски пожар во Франција од 1949 година. Ова е сѐ последица на климатските промени и сушата во овој регион“, изјави министерката за животната средина Агнес Пание-Рунашер.

Кристоф Мањи, еден од водачите на операцијата на гаснењето, изјави дека се надева дека пожарот би можел да се скроти до крајот на денот. Властите покренаа истрага за причините за пожарот, што францускиот премиер Франсоа Бајру го опиша како „катастрофа од досега невидени размери“. Една жена загина, а изгореа и куќи. 

foto X


Слично

Поврзани вести