(ВИДЕО) ВАКА ТАГУВААТ БРАЗИЛЦИТЕ: Револт и бес по поразот со кој не можат да се помират!
Откако Германија ги пеплоса соништата на милиони Бразилци нанесувајќи им го најголемиот пораз во историјата на Светското фудбалско првенство, полицијата мораше да интервенира на улиците на неколку бразилски градови за да го спречи насилството и немирите.
По поразот од 7-1 од Германија во полуфиналето на Светското првенство синоќа, на познатата плажа Копакабана во Рио де Жанеиро се случил невиден хаос. Крадци се обиделе да го искористат невниманието и очајот на бразилските навивачи и се фрлиле на масовни грабежи, кои на крајот резултирале со пукотници и интервенција на полицијата, по што навивачите во стампедо и паника ја напуштиле плажата.
http://www.youtube.com/watch?v=PEBWtpFgaJA
До немири дошло и во Сао Паоло, каде што лутите навивачи својот бес го изразиле палејќи еден градски автобус.
http://www.youtube.com/watch?v=j7JULapWr9k#t=12
Во Бело Хоризонте, градот во кој се играше катастрофалниот натпревар за бразилската фудбалска селекција, полицијата морала да интервенира и да уапси неколку лица.
http://www.youtube.com/watch?v=zOEZTORXbck#t=21
„Ништо немам во животот веќе. Бразилец сум и сум понижен. Сакам да се убијам“, рекол еден од бразилските навивачи, демонстрирајќи како фудбалскиот пораз вчера се претвори во вистинска национална трагедија за оваа земја.
Слично
