(ВИДЕО) Вака се повлекуваа: Повеќе од 90 одсто украински војници го напуштија Дебаљцево
Потпаролот на украинската армија не истакнал кога повлекувањето ќе биде готово.
Повеќе од 90 одсто украински војници се повлекле од стратешкиот град Дебаљцево, соопштил денеска потпаролот на украинската војска не прецизирајки кога повлекувањето ќе биде завршено.
„Повлекувањето од Дебаљцево на нова позиција би требало да биде завршено. Повеќе од 90 одсто војници организирано го напуштија градот и предградието“, изјавил потпаролот на украинската војска Анатолиј Штемах.
Тој изјавил дека „интезитетот на кофликти е значително намален“, но во текот на денот имало„спорадични престрелки“, пренесува Итар-тасс.
Претходно лидерот на самопрогласената Доњецка Народна Република Александар Захарченко изјавил дека борците завршиле со „чистење“ на Дебаљцево од украинските сили за безбедност.
