(ВИДЕО) ВАКА ПАДНАЛ РУСКИОТ АВИОН: Ново видео од денешната авионска несреќа во Судан!
Најмалку 41-едно лице денеска загинаа кога во близина на аеродромот во Џуби, главниот град на Јужен Судан, се урна теретен авион од руско производство. На социјалните мрежи се појави видео од несреќата за која сеуште не е потврдено дали е автентично.
На видео снимката која ја снимиле надзорните камери, наводно е прикажан падот на овој авион. Несреќата се случила на 800 метри од аеродромот во Џуби.
Да потсетиме, дека локалните медиуми пренесуваат дека помеѓу жртвите во авионот, се и луѓе над кои се срушил авионот.
Две лица ја преживеале несреќата, помеѓу кои се едно дете и член на екипажот, како што соопштија од локалната полиција.
Погледнете го видеото:
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/wXRbqyaiAw8[/embed]
Слично
